БОРИС БУДЕН


Борис Буден
(Германија/Хрватска)

Што сака ослободениот Бог?

ГЕМ
18.11.2010 (четврток)
Почеток, 19.30



ве покануваат на предавањето со отворена дискусија
(за ренесансата на религијата во посткомунизмот) Контрапункт (Скопје) и Теорија која хода (Белград) во рамки на проектот Расшколувано знаење во соработка со ГЕМ и програмата Зборно место Што се крие зад феноменот на десекуларизација која како епидемија ги зафати сите општества на посткомунистичкиот исток? Ренесансата на верата, ослободена, како тоа вообичаено се нарекува, го става во пранги атеистичкиот тоталитаризам? Навистина, веруваат ли луѓето денес повеќе од порано? Да си припомниме: во својот однос кон религијата, комунизмот не беше ништо друго освен, за волја на вистината еден порадикален, вид на нововековна секуларизација. Бог не е укинат туку е протеран во приватната сфера на општествениот живот. После падот на комунизмот, тој се враќа во општеството, на улиците, во фабриките, во училиштата, во медиумите. Значи, сега, станува збор не за ренесансата на верата туку за ренесансата на нејзината државна улога. Но зар не тврдеше комунизмот дека вистината за верата е во нејзината општествена улога? Не се ли крие во општествената сеприсутност на верата триумфот на комунистичкиот атеизам? Дали веруваме помалку или повеќе од порано? Како веруваме? Борис Буден е теоретичар, критичар на културните феномени, писател и еден од најзначајните промотори на критичкото мислење во поранешна Југославија. Студирал филозофија во Загреб, а докторирал во областа на Културната теорија на Хумболтовиот универзитет во Берлин. Во 90’ години го основа и уредува списанието Аркзин, во Загреб. Неговите есеи и написи се однесуваат на теми од областа на филозофијата, политиката и критичкото промислување на уметноста и културата. Автор е на повеќе книги од кои ги издвојуваме: Зона на транзиција: За крајот на Посткомунизмот (2009); Ветувањата на еден концепт (со Стефан Новотни) (2008); Вавилонското семе: Дали културата е преводлива? (2004). Воедно се бави со превод, а од позначајните негови преводи се делата на Сигмунд Фројд на Хрватски. Борис Буден во моментов живее и работи во Берлин. Предавањето е во рамки на проектот „Расшколувано знаење“. Расшколувано знаење е партнерски проект на НВО Контрапункт (Културен центар Точка) од Скопје (http://kontrapunkt-mk.org) и ТкХ (Теорија која хода) платформа за теорија и практика, од Белград (http://tkh-generator.net), кој се реализира со финансиска поддршка од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан (http://scp-ba.net).