Работилница - Live Film Scoring (Филмска монтажа на тон во живо)

Дата: 07 – 09 ноември 2010

Јавна завршна презентација: 09 ноември 2010 во 20.00 часот

Доценти: shortfilmlivemusic: Даниел Ведрес (Dániel Vedres) – глас, електроника во живо, концепција (Унгарија), Јан Ф. Курт (Jan F. Kurth) – глас, блок флејта, електроника во живо (Германија), Луц Штројн (Lutz Streun) – тенор саксофон, бас кларинет (Германија), Матијас Курт (Matthias Kurth) – Е-гитара, лејта (Германија), Демијан Капенштајн (Demian Kappenstein) – тапани, играчки, перкашн (Германија), Бенјамин Шиндлер (Benjamin Schindler) – филм, медиа артс (Германија).

Место: Скопје

Трошоци: 200,00 МКД

Пријава: Пополнет формулар за пријавување до 30 октомври 2010

Јазик: За следење на работилницата потребно е познавање на англискиот јазик на ниво на конверзација.

*****

Тој што денес гледа некој филм, музиката за филмот ја добива од конзерва. Тонските монтажи на филмот најчесто се случуваат само кај класиците на немиот филм. Но, притоа, спојувањето на филмот и музиката во живо, до денес не изгубило ништо од магијата. Веќе неколку години музичарите на shortfilmlivemusic работат на ова аудио и визуелно задоволство. За време на дводневна работилница тие ќе ги пренесат своите основни знаења на озвучување на филм во живо и во Македонија.

Чекор по чекор, музичарите на shortfilmlivemusic со разни техники и пристапи ја вршат монтажата на тонот во филмот. При тоа, музичката импровизација во однос на филмовите е во преден план. Даниел Ведрес, хорнистот на групата, го потготви музичкиот материјал на првата симфонија на Густав Малер на тој начин, што истиот, со различни поставки, може да звучи на нов начин. Заедно со музичарите на shortfilmlivemusic учесниците на работилницата развиваат импровизации за материјалот во дијалог со филмовите.

Ансамблот со задоволство ги очекува студентите на класичната музика, новата музика, џезот и фолклорот. Студенти кои немаат искуство во импровизацијата, внимателно ќе бидат воведени во импровизацијата, без да бидат фрлени во студената вода. Необичната поставка на shortfilmlivemusic овозможува разни начини на пристап кон импровизацијата и работа во мали групи. За скоро секоја група на инструменти има доцент – тапан, дрвени дувачки инструменти, плех-дувачки инструменти, гитара, пеење, електроника. Посебно се поканети пејачите, со своите идеи, само со вокалот, на филмовите да им вдахнат нов живот. Заедно со медиумскиот уметник од Келн Бенјамин Шиндлер можат да бидат озвучени и филмови во сопствена продукција.

Постои можност, на 09 ноември резултатите на работилницата, во рамките на концертот „reconstructing Mahler - a vision‘s gleaming sounds“ на shortfilmlivemusic, во живо да и бидат презентирани на публиката.

shortfilmlivemusic од 2005 повторно ги озвучуваат актуелните европски кратки филмови на музичките фестивали, филмските фестивали, во кино салите, театрите и на други места. Ослободени од оригиналната тонска лента на филмот, бендот со нивниот уникатен стил, составен од Мики-маузинг, рок, џез, електроника и класика, создава неспоредливо филмско концертно доживување.

*****

Манифестацијата е дел од есенската културна програма “Expanded Media – Media & the Arts“ на НВО Контрапункт и се организира во партнерство со Австриската амбасада Скопје.

Работилницата е поддржана од Австриската амбасада, фондацијата Роберт Бош, Министерството за надворешни работи на Германија и МАБА.

*****

shortfilmlivemusic.de