Нови географии

П О В И К ЗА У Ч Е С Т В О

Skopscope #3

Работилница

Нови географии

Предавач: Michelle Teran (CA/DE)

Датум: 23 – 27 ноември 2010

Место: Културен центар “ЦК”, Скопје
Организација: НВО Контрапункт и Line I+M

Партиципација: 300,00 МКД

Пријава: Сите заинтересирани да се пријават најдоцна до 15 ноември 2010 на следниот линк: WORKSHOP APPLICATION

Јазик: За следење на работилницата потребно е познавање на англиски јазик.

***

Зголеменото ширење на медиумите генерирани од колективната употреба на мапирање и платформи за креирање на слики, создаваат нови начини на гледање и откривање на светот. Работилницата “Нови географии” ќе презентира практични, партиципативни и теориски примери на нови географии креирани преку употреба на технологијата на платформите за мапирање и креирање на слики. Оваа работилница се фокусира на Скопје кадешто истражувањето на градот ќе се одвива преку употреба на YouTube и Google Earth.


Како е Скопје претставено преку видео и мапа? На кој начин се поврзува со изградената околина? Како индивидуата може да одговори на овие прашања, да влезе во дијалог и да го стави на мапа? Учесниците ќе го истражуваат Скопје за да го продлабочат разбирањето и чувството на условите коишто се однесуваат на сместувањето на медиумите во градот, притоа користејќи го ова истражување за да се одреди поинаков начин на којшто градот може да биде претставен. Ова истражување ќе има форма на картографска студија на Скопје, по којашто ќе следи продукција на видеа и урбани интервенции и ќе заврши како финална презентација кадешто ќе се споделат резултатите преку колаборативно раскажување.

Michelle Teran е медиумска уметничка и во перформансите се занимава со синергиите на социјалните и медиумски мрежи во урбаните простори.

Michelle Teran истражува различни аспекти на дефинирање на урбаниот простор, како тој простор се живее и медиатизира. Таа развива урбани интервенции и перформанси како: тури со водич, прошетки и проекции на отворено, партиципативни инсталации и хепенинзи. Таа е добитник на наградата Transmediale 2010 година, а има добиено и други награди и грантови како Prix Ars Electronica honorary mention (2005, 2010) и Vida 8.0 Art & Artificial Life International Competition (Madrid). Од октомври 2010, таа ќе започне со 3 годишно истражување на Националната академија за уметности во Берген, Норвешка. Во моментов живее и работи во Берлин.

Повеќе информации за Michelle Teran на:

www.ubermatic.org

[+] пријавувањето е задолжително!
[+] бројот на учесници е ограничен.
[+] сите заинтересирани за учество се пријавуваат преку апликативната форма, на следниот линк: WORKSHOP APPLICATION

[+] краен рок за пријавување: 15 ноември 2010.

[+] селектираните учесници ќе бидат известени најдоцна до: 16 ноември 2010

[+] за повеќе детали контактирајте: elenavel@gmail.com, wiebke.stadler@kulturmanager.net

*****

Манифестацијата е дел од есенската културна програма “Expanded Media – Media & the Arts“

на НВО Контрапункт и се организира во соработка со Line I+M куриран од Елена Вељановска.

Работилницата е поддржана од Гете Институтот, канцеларијата за врски во Скопје и фондацијата Роберт Бош.

*****

www.ubermatic.org | www.l-i-n-e.org