НВО Контрапункт објавува оглас за ангажирање
Асистент на проекти
НВО Контрапункт објавува оглас за Асистент на проекти кој би работел со скратено работно време (80 часа месечно) од јануари до јуни 2011 година.
Очекуваме кандидатот да ги има следниве квалификации:
Завршено факултетско образование и интерес од областа на хуманитарните науки, уметноста или културните политики
- Основно искуство во прибирање средства за проекти
- Познавање на следниве јазици:
- Германски јазик: течно
- Англиски: многу добро
- Македонски: одлично
- Добро комуникациски вештини
- Способност за преземање обврски
Би било добро доколку кандидатот ги поседува и овие дополнителни квалификации:
- Искуство во комуникација со медиуми
- Искуство во водење проектни активности
Кандидатот би требало да покажува самоиницијативност во работата, посветеност и одговорност.
За да се пријавите на конкурсот испратете CV и писмо за мотивација (најмногу 30 реда) на англиски јазик, во дигитална форма, најдоцна до 25 октомври на електронската пошта: wiebke.stadler@kulturmanager.net