ПОЕТРИ СЛЕМ

Ако можеш да прочиташ три реда на глас од било која политичка програма и при тоа никој да не задреме околу тебе, значи си подготвен/а за на сцена! Ако имаш напишано нешто оргинално и при тоа барем еден другар/другарка ти рекле дека е добро тогаш пријави се на петтиот поетри слем натпревар во живо! Плус ако си меѓу тројцата најдобри вечерта твоите дела ќе бидат испечатени и ќе имаш подарок за најмалку три следни родендени. ПРИЈАВИ СЕ!


Поетри слем е поетски/прозен натпревар во живо на кој поетите и писателите имаат 5 минути можност, без дополнителни средства и реквизити туку само со своите дела и настап да ја освојат присутната публика.
Гледачите се тие кои ги оценуваат делата на авторите со тоа што им доделуваат од 0 до 10 бода. Кој ќе "собере" најмногу бодови од гледачите, победува на овој поетри слем.

Настанот во Скопје кој ќе се оддржи на 30.05.2011 е организиран од НВО Контрапункт и НВО ЦДУ Т-ХАУС.

Доколку сакаш да се пријавиш пиши ни на info@cdathouse.org.mk најдоцна до 26ти мај 2011 год.



Победниците од следните неколку поетри слем вечери ќе бидат претставени во заедничка збирка,чие објавување е овозможено со грант од програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.