ПОВИК ЗА УЧЕСТВО

ИМПРО-ТЕАТАР: Performing culture
Работилница за импровизации во театарот

Предавач: Михаел Кеднау

Датум: 24. - 26. мај 2011

Место: Скопје, Младински Културен Центар

Организатори: ЦДУ „Т-ХАУС“ - Скопје, НВО „Контрапункт“ - Скопје, Центар за балканска соработка „ЛОЈА“ - Тетово, и „Кендра Мултимедиа“ - Приштина.
Во соработка со: Младински Културен Центар - Скопје

***

Театар на импровизации (или кратко импро-театар) е форма на театарот во која се користи импровизацијата, при што се одигруваат една или повеќе претходно неизвежбани сцени. Често темите или предлозите актерите ги добиваат од самата публика. Овие предлози потоа се зачетоци и лајтмотиви на спонтано настанатите сцени. Изведените пиеси произлегуваат од спонтаноста и меѓусебната инспирација на актерите кои импровизираат.

Тридневната работилница за импро-театар ќе се оддржи заедно со германскиот тренер Михаел Кеднау во Скопје.

Михаел Кеднау игра импро-театар од крајот на 2006 год. со ансамблот за импровизации Шмиц Катце. Во 2007та го формира и импро-театарот „Импроминенц“, во кој учествуваат актери од цела Германија. Од крајот на 2009 год. е член и на ансамблот „Штеграјф и Гук“. Како актер глуми во повеќе театарски претстави.

***

Во случај овој конкурс за учество да го разбуди вашиот интерес, и вие доаѓате од Скопје, Тетово или Приштина, имате желба заеднички да развивате идеи во една мултикултурна средина, имате меѓу 18 и 35 години и искуство во театарот, тогаш пријавете се на:
https://spreadsheets.google.com/spreadsheet/viewform?formkey=dE80VkNfNjZfc3k4LUlxQmdMNkpYbUE6MQ

Крајниот рок за пријавување е 19. мај 2011.

***
Овој проект е финансиски поддржан од Фондацијата Фридрих Еберт и Фондација Роберт Бош.

Учеството на ЦДА Т-ХАУС во овој проект се финансира со грант од страна на програмата CIVICA имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.

***
www.schmitzkatze-impro.de
www.cdathouse.org.mk | ngo-kontrapunkt.blogspot.com | www.qendra.org | www.mkc.mk