Scopscope


[deutsche version weiter unten]

SKOPSCOPE

За урбаната топографија. Премини и можни простори.

Во 2010 Здружението на граѓани Контрапункт започна со  работната на тема "Skopscope".  Со овој заеднички именител се развиваат, одвиваат и прплетуваат повеќето од независните прокетит на НВО Контрапункт.

Откако мораше да го затвори соптвениот културен центар „Точка“, во април 2010 година, едно од приоритетните прашања за Контрапункт стана она кое се однесува на користењето и функцијата на јавните простори и на отворањето на постоечките буџетски институции од областа на културата, кои секако фухкиционираат според анахрони затворени модели. Сите настани се обединети во интересот да се реагира на промените во структурата на културната политика, на јавната сфера и на урбанистичките интервенции во градот.

Токму настаните кои се одвиваат во рамките на Skopscope на игрив начин отвораат можни простори и премини преку кои се земаат предвид различните аспекти на урбаната топографија на Скопје. Крајот-scope доаѓа од старогрчкиот σκοπέω (Skopeo) и се однесува на инструмент за набљудување и будно следење. Англискиот збор „scope“ може да биде преведен и како простор за дејствување или рамка.

Градот притоа е разбран како животен простор во кој се вкрстуваат односите на независните приказни и секоја нивна поединечна артикулација придонесува кон промена на целокупната слика. Интеракциите во градот отвораат нови перспективи во однос на нeго и на културата. Тие предизвикуваат мали пукнатини во структурата на секојдневниот kожурец и иницираат прашања за достапноста на просторот.

Кој одлучува за обликувањето и користењето на просторот во кој живееме? Ова прашање е тековен процес и секој има можност да придонесе во одговорот со својата замисла (визија, приказна...). Да се интервенира директно во деловите на градот и на лице место да се започне дијалог со луѓето е своевидно повторно обединување на јавниот простор, кој подразбира креативност како понуда за комуникација за сите.

Во 2010 јуни „КИНомад“ како прв дел од „Skopscope“ интервенираше  во населбата Карпош кога врз фасадите на градот беа проектирани кратки филмови за време на една прошетка. Со „Уметноста е насекаде“ беше продолжена идејата за културната артикулација во полето на секојдневната перцепција на градот и јавниот простор беше плакатиран со графички обликувани песни и кратки раскази. Есента 2010 година извидувањето на градот беше проширено на дигиталниот простор со работилницата со Мишел Теран „Нова географии“ преку која на Google Earth беа локализирани видеа од Youtube.

Преку „Слепа точка Скопје“ ќе се дојде во директен дијалог со жителите на Скопје и уметничката група Камеракартел ќе го постави прашањето на не-перцепција на места во градот. Документирањето на овие перспективи потоа потоа ќе се обработи преку изложба и со интервјуа. Во јуни пристапите од првите четири интервенции од Skopscope ќе кулминираат преку културниот и уметнички викенд „Приватно јавно“, каде со помош на уметници, експерти и жители на градот ќе биде направена работилница за иднината на Скопје и ќе се зачнат прашањата за социо-културното и економско значење на уметноста и културата во јавниот простор и за „правото на град“ на неговите жители. Како резултат на овие интервенции, а како понуда за комуникација на оние кои не живеат тука Здружението на граѓани Контрапункт паралелено соработува и на  проектот „Мали глобални градови", во рамки на кој е предвидено создавање на културен водич на градот Скопје.
 
Skopscope # 1 КИНомад. Номадско кино во Карпош (јуни 2010)
Skopscope # 2 Уметноста е секаде. Поезија во јавниот простор (Септември 2010)
Skopscope # 3 Нови географии. Дигитално мапирање со социјалните медиуми (ноември 2010)
Skopscope # 4 Слепа точка Скопје. Видео изложба со Камеракартел (март 2011)
Skopscope # 5 Приватно јавно. Уметнички и културни интервенции (јуни 2011)
Skopscope # 6 Мали глобални градови. Културен водич на градот Скопје (2011)

///////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////////

SKOPSCOPE

Considering urban topographies
Durchgänge und Möglichkeitsräume

2010 startete der Arbeitsschwerpunkt „Skopscope“ der NGO Kontrapunkt, der unter diesem Titel in sich unabhängige Projekte der NGO Kontrapunkt zusammenfasst. Nachdem das hauseigene Kulturzentrum Tocka im April 2010 schließen musste, stehen Fragen der Nutzung und der Aneignung von Öffentlichen Räumen und Institutionen im Vordergund. Alle Veranstaltungen sind geeint durch das Interesse, auf Veränderungen in der Kulturpolitik, der Öffentlichkeit und der Architektur der Stadt zu reagieren. Die Skopscope-Veranstaltungen eröffnen durch Kultur spielerisch Möglichkeitsräume und Durchgänge, die verschiedene Aspekte der urbanen Topographie von Skopje berücksichtigen. Die Endung –scope stammt vom altgriechischen σκοπέω mit der Bedeutung ausspähen oder betrachten, aber auch untersuchen und prüfen. Das englische Wort „scope“ kann mit Handlungsspielraum, Anwendungsbereich oder auch Rahmen übersetzt werden.
Die Stadt wird dabei als Lebensraum verstanden, in dem sich ein Beziehungsgeflecht von unabhängigen Geschichten überkreuzen und jede Artikulation zu einer Veränderung des gesammten Bildes beiträgt. Interaktionen in der Stadt öffnen neue Sichtweisen auf diese und auf Kultur. Sie verursachen kleine Brüche im Gefüge des täglichen Kokons und werfen Fragen über die Verfügbarkeit von Raum auf. Wer entscheidet über die Gestaltung und die Nutzung des Raums, in dem wir leben? Diese Frage ist ein andauernder Prozess und jeder hat die Möglichkeit, seine Vorstellung dazu beizutragen. Direkt in den Stadtvierteln zu intervenieren und dort vor Ort mit den Menschen in einen Dialog zu treten, ist eine Wiederaneignung des öffentlichen Raums, die Kreativität als Kommunikationsangebot an alle versteht.

Im Juni 2010 intervenierte „KINomad“ als erster Teil von „Skopscope“ im Stadtteil Karposh und projezierte während eines Spaziergangs Kurzfilme auf die Stadtfassaden. Mit „Kunst ist Überall“ wurde die Idee von kultureller Artikulation im Umfeld alltäglicher Stadtwahrnehmung weitergeführt, es wurden grafisch gestaltete Gedichte und Kurzgeschichten im öffentlichen Raum plakatiert. Im Herbst 2010 wurde die Stadterkundung im Workshop „New Geographies“ von Michel Teran auf den digitalen Raum ausgeweitet, indem Youtube Videos in Google Earth lokalisiert wurden. Mit „Blind Spot Skopje“ wird der direkte Dialog mit den Bewohnern von Skopje aufgenommen. Es wird die Frage nach der Nicht-Wahrnehmung von Orten der Stadt durch die Künstlergruppe Cameracartell gestellt und in einer Ausstellung sowie mit Interviews bearbeitet. Im Juni kulminieren die Ansätze der ersten vier Skopscope Interventionen in dem Kunst- und Kulturwochenende „Private Public“, das mit Künstlern, Experten und Stadtbewohnern gemeinsam eine Zukunftswerkstatt von Skopje entwirft und Fragen nach der soziokulturellen und wirtschaftlichen Bedeutung von Kunst und Kultur im öffentlichen Raum und dem „Recht auf Stadt“ seiner Bewohner aufwirft. Als ein Resultat dieser Interventionen und als ein Kommunikationsangebot an Nicht-Ortsansässige arbeitet die NGO Kontrapunkt parallel am Projekt „Little Global Cities“ mit und erstellt einen Kulturstadtplan von Skopje.

Skopscope #1                        KINomad. Nomadisches Kino in Karposh (Juni 2010)
Skopscope #2                        Kunst ist Überall. Poesie im öffentlichen Raum (Sept 2010)
Skopscope #3                        New Geographies. Digitale Kartierung mit sozialen Medien (Nov 2010)
Skopscope #4                        Blind Spot Skopje. Video-Ausstellungsprojekt mit Cameracartell (März 2011)
Skopscope #5                        Private Public. Kunst und Kultur Interventionen (Juni 2011)
Skopscope #6                        Little Global Cities. Kulturstadtplan von Skopje (2011)