ЈАВЕН ПОВИК
Ефемерни споменици - Работилница за уметност во јавен простор
7-11 јуни 2011, Скопје
Предавач: Ивана Сиџимовска (MK/DE)
Датум: 7-11 јуни 2011
Место: Скопје
Организација: НВО Контрапункт
Пријава: Сите заинтересирани да се пријават најдоцна до 3 јуни 2011 на следниот линк:
https://spreadsheets.google.com/viewform?formkey=dDNJQnBMQmNFeDJmM3dicUFQNlZmTnc6MQ
Јазик: За следење на работилницата потребно е познавање на македонски јазик.
Целна група: студенти по уметност, млади уметници (со или без формално образование), со уметничко искуство. Искуство со работа во јавен простор е пожелно, но не и задолжително. Максимум број на учесници: 6 - 8
Опис на работилницата:
Градот не е збир на архитектоснки згради, тој е креиран перформативно како резултат на јавни акции и социјални процеси, секојдневни ситуации и случувања, иако градот се менува постојано и секогаш одново се продуцира.
(Абстракт од текстот „Performing the city“ Symposium Lothringer 13,Минхен, 2008)
Спротивно од идејата за споменици, гледани како уметнички објекти, поставени долгорочно на една локација, со цел да ја потсетуваат јавноста на минатото или личностите од националната историја, идејата на ефемерните споменици од друга страна го поттикнува значењето на секојдневните ситуации и моменталните значајни случки.
Користејки го моментот на derive (англ. Drift, или промаја), непланирана тура низ урбаниот пејсаж, водена целосно од чувства разбудени кај индивидуите од околината, целта на работилницата е да се искусат различни атмосфери и чувства генерирани од урбаниот пејсаж, во контраст со предвидливото и монотоно искуство од секојдневниот живот. Ефемерните споменици (краткотрајни, без постојано значење) ќе бидат креирани преку различни форми: перформанси, говори, прошетки, објекти, растенија и др.
[+] селектираните учесници ќе бидат известени најдоцна до: 5 јуни 2011
[+] за повеќе детали контактирајте: elenavel@gmail.com или wiebke.stadler@kulturmanager.net
[+] Манифестацијата е дел од Private | Public
[+] Работилницата е поддржана од Гете Институтот, канцеларијата за врски во Скопје и
фондацијата Роберт Бош.
Времетрање и распоред на работилницата:
Во распоред од 5 дена, 3 активни денови на работилницата.
7.06.2011 I Ден 1
12:00-14:00
- Вовед, презентација на предавачката и учесниците
- Краток вовед во студиите за просторни стратегии (KHB Weißensee - Berlin), претставување на уметнички дела коишто го користат јавниот простор (познати уметници, млади уметници)
- Вовед во темата на работилницата: Ефемерни споменици - Кратка теориска позадина на работилницата (Ситуационистите, Психогеографија и методот на Derive) придружена со примери коишто одговараат на темата
- Развивање на свој модел на Derive, решавање која ќе биде појдовната точка за прошетка
16:00-20:00
- ‘талкање’ низ градот
- Завршна дискусија: споделување на искуства, пристап кон развој на концептите, дискутирање на можни идеи за работа
8.06.2011 I Ден 2 (домашна)
Учесниците работат на развој на концепти / пристапување кон реализација, дискутираат за потребните материјали / медиуми за реализација (индивидуално или во групи) / начин на претставување на делото
9.06.2011 I Ден 3
12:00 - 14:00
- Дискусиона сесија: дискутирање на концептите и финалните идеи за делата
15:00 - 18:00
- Дискусиона сесија: пристапување кон реализација, финализирање на потребните материјали / опрема потребна за реализација на делото, иницирање на реализацијата
10.06.2011 I Ден 4 (домашна)
Учесниците работат на финалната реализација (индивидуално или во групи)
11.06.2011 I Ден 5
Презентација на финалните резултати / можна прошетка