Expanded Media


Expanded Media

Медиумите & уметностите


Есенска културна програма на НВО Контрапункт, програмски уредена од Wiebke Stadler

Есенската сезона од културната програма на НВО Контрапункт е посветена на различните форми за соработка меѓу медиумите и уметноста. Се обидуваме да ги премостиме границите на филмот, визуелната уметност, музиката и перформансот со цел да создадеме плодна соработка со новите медиуми. Во октомври и ноември 2010 година, Контрапункт ќе биде домаќин не само на разни уметници и куратори од Германија, туку истовремено ќе се оствари соработка со локални уметници, куратори и организации во меѓународен контекст. Ваквата ситуација треба да создаде единствени услови за уметничка размена. Во еден дел програмата се состои од забавен дел, со концерти, перформанси и предавања. Образовниот дел го сочинуваат работилници кои вклучуваат млади уметници од различни дисциплини.

Во 70-тите години на минатиот век Џин Јангблад истакна дека новите форми на медиуми кои се во блиска релација со времето ќе создадат нова свест, но не преку самиот медиум, туку преку уметноста, која е „основна алатка за самиот развој на оваа свест“. (G. Youngblood: Expanded Cinema. NY, 1970, S.47) Според неговата претпоставка денес нашата свесност не ја зголемува само уметничката употреба на филмот и телевизијата, туку и разните медиуми. Програмата “Expanded Media” ја карактеризираат иновативните форми на уметнички израз. Пристапноста и растежот на технологиите доведоа до суштинско преосмислување на границите меѓу дисциплините. „Expanded Media” го истакнува процесот на истражување и рекомбинирање на уметностите и техниката. Интередисциплинарните аспекти и соработки се основата на целата програмска активност и работилниците.

Прашањето на соработката не е само важно на ниво на уметнички став, туку се одразува и на ниво на продукцијата. НВО Локомотива, Фестивалот de:sonanz, Културниот центар ЦК и НВО Line се соработници на независната културна сцена од Скопје во рамки на програмата. Оваа сцена е важен социо-културен сегмент, кој обезбедува нови модели за организирање и создавање во рамки на културата. По загубата на Културниот центар Точка, во април 2010 повеќе од кога било порано станува очигледно дека независната културна сцена нема свое место, своја адреса. Јасно му се „обраќаме“ на општеството на многу нивоа, не само во однос на културата, туку и кон „политичкото“, за да ја подигнеме јавната свест за иновативните настани и нови начини на размислување, како и за силното заедничко дејствување на културната сцена.

Настани

06.10.10 21h Современ танцов и Музички перформанс: T.I.M.E. [В.Р.Е.М.Е.]

06.10.10 21h Диџеј сет: DJ akaak (Klingtsogut)

07.10.10 22h Концерт: Sutsche & Fello

10.10.10 22h Концерт: презентација на работилницата „Контролери за играње како индивидуални инструменти “

12.10.10 20h Предавање: Методи на кураторската пракса: Слика во движење меѓу уметноста, киноматографијата и перформансот

09.11.10 20h Концерт: a vision's gleaming sounds. Reconstructing Mahler & презентација на работилницата „ Музика во живо за филм“

27.11.10 20h презентација: Michelle Teran & презентација на работилницата „Нови географии“

Работилниџи

09.-10.10.10 Контролери за играње како индивидуални инструменти

07.-09.11.10 Музика во живо за филм

23.-27.11.10 Нови географии