КОНКУРС ЗА УЧЕСТВО НА ПОЕТРИ СЛЕМ ВО КЦ ЦК

NGO Kontrapunkt & Cultural Centre CK present

КОНКУРС ЗА УЧЕСТВО НА ПОЕТРИ СЛЕМ ВО КЦ ЦК

Поетски/прозен натпревар во живо на кој победникот ќе го избере присутната публика, ќе се случува на на 6 декември во културниот центар ЦК во Скопје. Сите заинтересирани поети/писатели без разлика дали се млади или стари, искусни или почетници, срамежливи или со желба за експонирање ... може да аплицираат за учество. Станува збор за таканаречен поетри слем, а се што е потребно е 1 автор, 1 микрофон, 5-минутна песна/текст, нема помошни средства и реквизити, тука сте само вие и вашето дело. Оценувањето на вашите дела ќе го прават гледачи по случаен избор така што ќе доделуваат од 0 до 10 бода. Кој ќе "собере" најмногу бодови од гледачите, победува на овој поетри слем.
За да аплицирате треба да имате максимум три песни/текста од по 5 минути и да сакате да се претставите пред скопската публика. Конкурсот е отворен до 3 декември, а сè што е потребно е да се пријавите на info@cdathouse.org.mk