Уметноста е насекаде


Skopscope #2

Известување за имплементација на акцијата поврзана со проектот „Уметноста е насекаде“

Ве известуваме дека денес (13 септември) е последната фаза од имплементацијата на проектот „Уметноста е насекаде“. 24-те постери направени врз основа на 8 текстови ќе бидат поставени на повеќе од 50 локации во Скопје.

Во рамки на проектот распишавме конкурс за кратки прозни форми, по што избравме 4 текстови од македонски и четири текстови од германски автори: Јан Вагнер (Камелеон) Ела Корина Вернер (Паул има однос), Винсенс Фенглер (Измореноста на материјалите на носечките делови), Клаудија Томан (Нацртано), Никола Маџиров (Сенките нè одминуваат), Нина Андова (Трето утро скарани...), Мане Манушев (Ќе) и Тони Попов (Лист). Четири дизајнери без вклучени во создавањето на постерите: Ѓорѓе Јовановиќ, Бунтопсих, Хајна и Каролин Леберт.

Во последната фаза од проектот ќе организираме изложба на постерите, на која ќе го претставиме каталогот и фото документацијата за изложбата.


„Уметноста е насекаде“ е проект чија цел е да направи спој меѓу книжевноста и визуелната уметност, да ја поддржи идејата за уметноста како дел од секојдневието и да промовира нетипични начини за претставување на уметничките дела.

Во јавниот простор во Македонија сè повеќе доминираат содржини кои имаат исклучиво комерцијална намена. Местата кои се наменети за јавно огласување главно се места каде што се искажуваат комерцијални или политички пораки.

„Уметноста е насекаде“ е проект кој сака да покаже дека овие места може да се употребат и за испраќање уметнички пораки. Искористувањето на јавни простори ќе овозможи уметноста да излезе од просторите кои се наменети исклучиво за неа (музеи, културни центри, библиотеки). Освен тоа, ќе се укаже дека јавниот простор може да биде место и за естетска трансформација на секојдневието. Една од целите на проектот е да овозможи и распространување на уметничките производи и можност тие да бидат достапни до поширока публика.

Проектот е поддржан од фондацијата Роберт Бош.