Контролери за играње како индивидуални инструменти

Предавач Андреас Ото
Датум: 9. - 10. октомври 2010
Јавна презентација на 10. Октомври 2010, 20 ч.
Место: ЕСРА

Работилницата ке се одржува на англиски јазик.

Испратете го формуларот во прилог најдоцна до 20 септември на wiebke.stadler@kulturmanager.net

Денес, кога ке се најави настап во живо на некој електронски артист повекето очекуваат да се
појави некој со лап-топ или синтисајзер и дека неговиот перформанс ни оддалеку не може да биде
добар како оној на вистинските инструменталнисти. Во рамките на оваа работилница сакаме да
пронајдеме начини за интеракција со електронските звуци, без да се концентрираме на екрани,
дисплеи или црно-бели копчиња.
Ќе ги научиме основите на мапирањето на податоци како: скалирање на влез, меморирање на
променливи или примена на комплексни логични услови. Целта ни е да развиеме индивидуален
интерфејс чии што звуци и начин на свирење се совпаѓаат со индивидуалните музички замисли или
отвораат можност за нови инспирации!
Сите учесници треба да понесат контролери за играње, како џојстици, гејмпадови или Wii
далечински управувачи. Може да се донесат и комерцијални MИДИ-уреди како клавијатури или
контролери. Тие може се репрограмираат и со нив да се создаваат посебни звуци.
Софтверот “junXion“ со кој ќе работиме потекнува од STEIM (Studio for Electro-Instrumental Music) во
Амстердам. Покрај контролерите за играње, junXion ги поврзува со аудио софтвер екраните на
допир, видео и аудио податоците, или MИДИ- и OSC влезовите. STEIM работи на развивање на
децениската традиција на таканаречените "Gestural Controllers" чие кратко претставување на
почетокот на работилницата ќе ја прикаже уметничката основа на која се темели оваа
работилница. За сите учесници се обезбедени Macintosh компјутери на кои е инсталиран junXion и
Ableton Live.
Основни познавања од електронската музика се предност, но не и услов за учество на
работилницата. Оние што знаат што е MИДИ Note-On наредба, крива на звук или еквилајзер,
сигурно побрзо ќе постигнат резултати. Работилницата е наменета за музичари и медиумски
уметници – почетници и специјалисти – кои имаат интерес за експериментално креирање на
сопствен музички интерфејс.
За предавачот:
Andreas Otto, роден 1980 г., е композитор и електронски музичар од Хамбург. Добитник е на повеќе
стипендии од STEIM во Амстердам кои му овозможуваат да ги поврзе виолончелото и компјутерот
и да го создаде неговиот инструмент “fello”. Со fello Андреас Ото настапува соло како дел од
меѓународни театарски претстави, како и во соработка со диџеи во клубови и на фестивали. Има
издадено неколку албуми под уметничкото име “Springintgut“ за етикетата Pingipung или City
Centre Offices. Тој работи на неговиот докторат од областа на сензорско музичко управување и
предава на Универзитетот Линебург и Академијата на уметности во Берн.
Работилницата е дел есенската културна програма „Expanded Media - Media & Arts“ на НВО
Контрапункт и дел од фестивалот de:sonanz, во организација на Гете-институт Канцеларија за
врски, Скопје и НВО Домино.


www.myspace.com/springintgut | steim.org | goethe.de/skopje | esra.com.mk

supported by Goethe Instititut Verbindungsbüro Skopje and Robert Bosch Foundation